logo
logo
logo

ПОЗНАТ РУСКИ АСТРОЛОГ открива, ОВИЕ 3 ЗНАЦИ ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИМААТ ЛУДА СРЕЌА и МНОГУ ПАРИ: Се ќе си оди по свое, а еве кој дефинитивно има најмногу среќа

Vecer | 30.11.2022

ПОЗНАТ РУСКИ АСТРОЛОГ открива, ОВИЕ 3 ЗНАЦИ ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИМААТ ЛУДА СРЕЌА и МНОГУ ПАРИ: Се ќе си оди по свое, а еве кој дефинитивно има најмногу среќа

Познатиот руски астролог Павел Глоба, еден од најпопуларните во оваа огромна земја, неодамна даде кратка, но како што многумина тврдат точна прогноза за декември. Глоба овој пат се осврнал кои знаци ќе бидат среќајлии во последниот месец од годината.

Тој тврди дека за трите знаци декември ќе биде особено плоден и добар, дека ќе им донесе многу радосни моменти а грижите и тагата ќе исчезнат. Еве кои знаци се тоа

ОВЕН

Глоба вели дека Овните ќе бидат можеби најсреќниот знак на Зодијакот во декември - ќе имаат повеќе пари отколку во сите претходни месеци. Ги очекуваат различни придобивки, очекувани и неочекувани. Исто така, успешно ќе се реализираат сите деловни проекти и цели. Она што може да недостасува е дружењето, па затоа се советува повеќе време да се посвети на семејството и пријателите.

БЛИЗНАЦИТЕ

Декември ќе им даде можност на Близнаците да ги реализираат долгорочните планови за кариера. Исто така, личниот и емотивниот живот ќе биде осветлен со добри можности и прекрасни моменти. Доколку се осамени, можно е конечно да ја запознаат сродната душа. Отворете ги очите и не плашете се од ризици - мора од срце да ги прифатите сите можности и поволни шанси кои ви се нудат.

ВОДОЛИЈА

Крајот на годината овде ќе ви донесе многу долгови за наплата, а ќе бидете под притисок да завршите некои обврски и проекти. Глоба советува ништо од ова да не одложувате и сè да решите во декември – додека ѕвездите ви се наклонети и се ќе помине без проблеми и како што треба. Исто така, ѕвездите ви ветуваат средба со интересна личност која би можела да има значително влијание врз вашиот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk