logo
logo
logo

ПОВЕЌЕ ГОЛА ОТКОЛКУ ОБЛЕЧЕНА, згодната глумица шокираше со својот изглед

Vecer | 24.05.2021

ПОВЕЌЕ ГОЛА ОТКОЛКУ ОБЛЕЧЕНА, згодната глумица шокираше со својот изглед

Меган Фокс и Машин Ган Кели се појавија на музичките награди „Билборд“ во Лос Анџелес и предизвикаа огромен интерес кај сите со својот изглед и беа главните sвезди на настанот, особено внимание предизвика славната актерка која беше повеќе гола отколку облечена.

Со својот голишав изглед, но и однесувањето на црвениот тепих, парот предизвика најголемо внимание и интерес на насобраните фотографи пред кои позираа, а не се воздржуваа ни од страствени бакнежи.

За таа пригода, Меган избра црн прозирен фустан со необични деколте, кој покажа повеќе отколку што криеше, додека тој се појави во црно одело и откопчана бела кошула, под која јасно се гледаше телото украсено со тетоважи. Тој дополнително ги заинтригира сите со неговиот црно обоен јазик кој го плазеше на сите и ја бакнуваше Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk