Потресна приказна за храбрата жена од африканското племе која го сопрела обрежувањето на девојчињата

"BBC" објавил потресна видео репортажа за храбрата жена од племето Масаи, која се бори против женското обрежување во Кенија и Танзанија.

Оваа Масаи девојка се спротивставила на женското обрежување и помогнала да се уверат племенските лидери да ја напуштат таа сурова традиција ширум Кенија и Танзанија.

"Видов мали девојчиња, од 7 или 8 години, на кои им ги одземаа соништата"
"Изгубивме девојче поради женско обрежување. Видов смрт во оваа заедница", рекла Нице Ленгет, која пораснала во селото на племето Масаи во Кенија.

Кога имала 8 години требало да биде подложена на обрежување. После тоа била сметана за подготвена за брак и ќе го прекинела своето образование. Таа идеја ја преплашила.

"Видов мали девојчиња, од 7 или 8 години, на кои им ги одземаа сништата. По обрежувањето , се венчаат на 10, 12 години. Знаев дека ако прифатам да бидам обрежана, нема да можам да се вратам во училиште", рекла Ница.

Единствено девојче кое посетувала средно училиште
Го молела тој ден својот дедо да го одложи нејзиниот обред, и успеала во тоа. Селото ја избегнувало бидејќи била единствено девојче кое отишло во средно училиште. Тогаш почнала да размислува за тоа како може да им помогне на другите девојчиња.

"Почнав да им помагам на девојчињата да побегнат, но сметав дека тоа не е доволно, бидејќи повеќето се враќаат кај своите семејства, па повторно се расправаат и пак бегаат, а јас немам каде да ги носам. Па продолживме да се бориме внатре во заедницата", рекла Нице. "Тогаш сфатив дека треба некако да разговараме со нив".

"Жените не смеат да зборуваат пред мажите"
Нице почнала да разговара со помладите и постарите мажи за опасноста на женското обрежување. "Не беше лесно бидејќи жените не смеат да зборуваат пред мажите во оваа заедница. Но, знаев дека за успех во оваа борба ќе биде потребно време. Сакав да го искористам обрежувањето за да ги убедам дека навистина треба да вложуваме во образованието на девојчињата на ист начин како што вложуваме во образованието на децата".

По неколку години упорен труд, Нице успеала да го промени мислењето на луѓето во заедницата и нејзината порака се проширила. Станала првата жена која се обратила во Собранието на старешини на племето Масаи на Килиманџаро и помогнала во сопирањето на женското обрежување во Кенија и Танзанија.

Во последните седум години спасивме повеќе од 15.000 девојки

Нице сега работи во здравствената организација "Amref Health Africa" и помага во планирањето на алтернативни церемонии за девојчиња. "Одлучивме да ги задржиме другите ритуали поврзани со церемонијата, но го исфрливме обрежувањето бидејќи е штетниот дел од целата работа", додава таа.

"Во последните 7 години на овој начин спасивме повеќе од 15.000 девојчиња кои не се обрежани сега се во училиште. Сметам дека кога вложуваме во образованието на девојчињата, со книги и пенкала, може да станат професорки, докторки и наставнички, новинарки или што и да посакаат. Токму на тоа се надевам, дека сите девојчиња ќе може да учат", рекла Нице.

Поврзани

Најнови вести

Коментари