logo
logo
logo

Последниот РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР носи промени, еве и какви

Vecer | 24.11.2022

Последниот РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР носи промени, еве и какви

За жал, сè уште не завршивме со ретроградниот Меркур кога станува збор за оваа година. Сите знаеме дека тоа секогаш ни носи хаос, конфузија, запира или комплицира бројни цели и планови. Сепак, оваа моќна планета повторно „шета“ ретроградно помеѓу 22 декември 2022 и 18 јануари 2023 година.

Оваа планета најмногу се одразува на комуникацијата и сега е време да се подготвиме за многуте предизвици што ни ги носи. Иако почетокот на ретроградното движење е официјално на 22 декември, неговото влијание ќе се почувствува десет дена порано, поточно на 12 декември. Тоа е периодот на владеење на Јарецот, што значи дека ќе ни биде потешко да носиме одлуки. Хороскопот открива што можете да очекувате:

ОВЕН

Доколку сте родени во знакот овен, треба да внимавате на комуникацијата во деловното опкружување. Малите грешки може скапо да ве чинат, затоа внимавајте како го изразувате својот став, приговори или желби. Кога станува збор за љубовното поле, овој период може да донесе крај кој всушност ќе ви донесе само добро.

БИК

Ретроградниот Меркур на 22 декември 2022 година во бик се рефлектира во однос на технологијата. Ова особено се однесува на сите кои се вработени во оваа сфера. Грижете се добро за вашите податоци и препорачливо е внимателно да ја прегледате е-поштата пред да ја испратите до претпоставени, колеги или важни луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Овој период ќе влијае на близнаците на емотивен план. Комуникациските вештини може значително да се ослабат и затоа може да се случи другите луѓе да посакаат крај на емотивната врска. Сепак, добрата вест е дека ова ќе ви овозможи да ги залечите старите рани, иако тоа може да изгледа невозможно.

РАК

Раковите може да се соочат со проблеми во работата и бизнисот. Совет е да поставите јасни граници кога е работата во прашање, пред сè за да го зачувате здравиот разум. Исто така, за време на ретроградниот Меркур, раковите треба да негуваат самољубие и да се трудат да одржуваат позитивна енергија. Во овој период не вложувајте пари во ништо.

ЛАВ

Последниот ретрограден Меркур кај лавовите предизвикува стрес, бидејќи тие ќе имаат чувство дека ништо не им оди. Плановите може да се променат или да пропаднат во последен момент, што ќе ги направи луѓето родени во овој знак прилично фрустрирани. Внимавајте на трошоците, може да се удвојат.

ДЕВИЦА

Девиците се перфекционисти и ориентирани кон деталите, а во овој период може да изгубат контрола над личниот и професионалниот живот. Ќе се нервираат поради одложувањата каде и да одат, но и поради туѓите проблеми. На девиците им се советува да бидат трпеливи и отворени за сите предлози и совети.

ВАГА

Вагите особено треба да внимаваат на своите трошоци. Совет е да се потрудите да не трошите премногу во овој период бидејќи може да дојде до несакани последици или загуби. Исто така, тие можат да ја пренесат негативната енергија на најблиските луѓе и да бидат целосно несвесни дека нивното семејство и пријателите негодуваат.

СКОРПИЈА

Овој период нема да биде лесен за сите родени во знакот на скорпија, но им го носи најдрагоценото искуство. Ретроградниот Меркур може да им помогне да ги надминат минатите искуства, но и да се дистанцираат од многу луѓе. Ова се однесува на луѓе кои се токсични и не можат да им донесат ништо добро. Скорпии, подгответе се за расправии и можно враќање на поранешната љубов!

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот го чека вистинска драма кога е семејството во прашање. Расправии, конфликти, прекин на комуникацијата. Исто така, може да се случи пријателите да не бидат на ваша страна, туку со причина. Ова е периодот кога ќе сфатите дека не сте постапиле праведно и дури тогаш може да ве удри она што членовите на вашето семејство веќе го преболеле.

ЈАРЕЦ

Јарецот е хороскопскиот знак кој ќе биде најмногу погоден, за жал. Ретроградниот Меркур е во неговата куќа и тоа значи дека луѓето родени во овој хороскопски знак нема да знаат што ги погодило. Можно е да ја изгубите работата на која дотогаш сте биле посветени, а советот е да бидете трпеливи и да не брзате со донесување одлуки.

ВОДОЛИЈА

За да го заштити своето ментално здравје, овој воден знак треба да се „исклучи“. Тоа значи дека во овој период ќе ви треба изолација, што ќе претставува бегство од реалноста. Ова ќе ви помогне, со самотија полесно ќе го пребродите овој турбулентен период.

РИБИ

Рибите не поднесуваат конфликти и расправии, а тоа е главната причина зошто периодот на последниот ретрограден Меркур ќе им биде тежок. Ќе бидете во центарот на непријатни ситуации кои повеќе би сакале да ги избегнувате, но време е и да се соочите со вашите поранешни љубови. Емоциите се потресени, не донесувајте ненадејни одлуки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk