„Доколку ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач до крајот на животот“, порачал Ален Кар, чија книга „Лесен начин да престанете да пушите“ е продадена во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот. Милиони поранешни пушачи се колнат во оваа книга, а е базирана на неколку важни совети кои треба да се применат во процесот на одвикнување.

Кар бил страствен пушач повеќе од 30 години. После низа безуспешни обиди нашол „полесен“ и поуспешен начин.

Секој пушач ги знае штетните дејства на цигарите, но прашањето кое Кар го поставува е: Зошто некој кој ги знае сиѕе штетни дејства на цигарите, сепак продолжува да пуши?

Имено, Кар сфатил дека всушност многу е лесно да се ослободите од зависноста, затоа што симптомите од никотинската апстиненцијална криза се благи. Според него, на пушачите најголем проблем им претставува убедувањето дека цигарите им се потпора и задоволство, дека им помагаат да се концентрираат и опуштат, а периодите на апстиненција се следени со чувството дека нешто им е скратено.

Заклучокот е дека пушачите кои ги оставаат цигарите се сретнуваат со два страва – еден е оној од штетните последици на пушењето, а другиот како понатаму ќе живеат без цигари?

Доколку се отстранат, цигарите би можеле да се остават со уживање, засекогаш, веднаш, без сила на волјата и чувство на откажување, тврди Кар.

Ова се 10 правила кои би можеле да ви помогнат во остварувањето на оваа желба:

 

Зацртајте си датум кога ќе престанете – и дотогап не се обидувајте да го намалите бројот на испушени цигари на дневно ниво.

Цигарите не ви носат ништо добро – не носат задоволство, само ве прават зависници, робови на никотинот. Нека ви биде јасно ова.

Запалете ја последната цигара – направете го ова и ветете си дека никогаш повторно нема да внесете никотин во себе.

Опуштено при криза – нека не ве плашат приказните за никотинска криза, благи се, безболни и брзо поминуваат.

Соочете се со секојдневните ситуации – не им завидувајте на пушачите, туку жалете ги затоа што и тие би сакале да излезат од тој кошмар на зависност.

Не трудете се да престанете да размислувате за цигарите – само мислете не морам и не сакам да пушам!

Не постои „само уште една цигара“ – последната веќе ја испушивте.

Не користете фластери и гуми за џвакање – тие само ја отежнуваат работата.

Фрлете ги цигарите „за секој случај“ – Тоа ќе значи дека си ја преиспитувате одлуката.

Нормален (непушачки) живот – Ако случајно на памет ви падне мисла „само една“, сетете се дека тоа не постои. Поставете си прашање – Дали повторно сакам да бидам пушач? Одговорот би требало да биде – НЕ!