logo
logo
logo

„После ова засекогаш ќе биде сама“ – Се појави во утринската програма и раскажа дека е во врска со ДУХ (ВИДЕО)

Vecer | 25.10.2021

„После ова засекогаш ќе биде сама“ – Се појави во утринската програма и раскажа дека е во врска со ДУХ (ВИДЕО)

Пред неколку дена гледачите на британската утринска програма “Ова Утро” беа шокирани од гостинката која тврдеше дека е вљубена во дух по име Едуардо со кого оддржува емотивна врска.

Пејачката и кантавторка Брокард (38) од Оксфордшир признава дека претходно била скептична на тема паранормални активности, но дека моментално живее во токму таква ситуација. Таа тврди дека е во врска со дух по име Едуардо, а и открила како оваа врска започнала.

Таа тврди дека духот Едуардо е викторијански војник кој починал на своја 35 годишна возраст од давање во бунар. Тој ја посетил Брокард една вечер додека таа не можела да заспие бидејќи била вознемирана од расправијата која ја имала тој ден со нејзината другарка.

Брокард и додава дека духот е одговорен за чудните моменти кои таа ги доживува во изминатиов период – како што се чуство на гушкање и појава на нацртани срца на огледалата во нејзиниот дом. По ваквата нејзина изјава, Брокард стана мета на исмејувањ на социјалните мрежи.

[embed]https://youtu.be/8IMgdywaxXc[/embed]

"После оваа емисија засекогаш ќе останеш сама. Каде ги наоѓате овие гости и како се воздржувате да не умрете од смеење", се само дел од коментарите.

-Надвор имаше невреме, грмеше и постојано врнеше. Исто време како оние од хорор филмовите. Бев сама дома и многу вознемирана затоа што тој ден имав тешка кавга со една моја пријателка. Се обидував да сфатам зошто ова ми се случува, кога одеднаш почуствував чуство на пецкање околу моето срце. Градите ќе ми експлодираа и чуствував вознемиреност. Отпрвин беше многу интензивно и тешко дишев, се тресев и потев, а и солзи ми течеа по лицето. Ја вклучив ламбата што стои на мојата ноќна масичка и видов фигура во ходникот, вака таа ја опишува првата средба со Едуардо.

Во продолжение на интервјуто таа и тврди дека Едуардо буквално и ги окупирал емоциите, но и дека е многу љубоморен и постојано се обидува да и докаже дека ја сака. Но, тој и се обидува да ја отргне од други потенцијални партнери.

Според нејзините зборови, тој често знае да и нацрта срце на купатилското огледало, но и да ја тргне раката додека таа се шминка се со цел да и ја уништи шминката. На тој начин, тој и кажувал дека не и дозволува да излезе со друг маж.

-Овој дух се врти околу мене повеќе од година дена и станува се поинтензивен. Постојано чуствувам проток на воздух, како здив кои ми приоѓа и опкружува, како чуство кое ме прегрнува. Буквално како да постои некој на кој сум му верна, кој ме поседува – а целата врска е многу емоционална, вели таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk