logo
logo
logo

Поранешна мисица КОЛАБИРАЛА И ПОЧИНАЛА на работното место

Vecer | 31.03.2023

Поранешна мисица КОЛАБИРАЛА И ПОЧИНАЛА на работното место

Џесика Воли вчера колабирала на работното место, по што починала на лице место. Нејзините пријатели и колеги се во целосен шок. Девојката имала 25 години, позната е како поранешна мисица, а по учеството на натпреварот за убавина се посветила на нова работа.

Поранешната мисица била вљубеничка во коњичките спортови, работела како менаџер во коњушницата „Манор Хаус“ во сопственост на поранешната ѕвезда на Ливерпул, Мајкл Овен.

„Толку млада, без здравствени проблеми. Животот е навистина прекраток бидејќи никогаш не знаеме колку време имаме. Моите мисли се со нејзиното семејство и пријателите“, напиша нејзината пријателката Џесика Меир на Фејсбук.

Екипата за итна помош вчера утрото околу седум часот и 30 минути пристигнала во „Манор хаус штаблс“. Полицијата соопштила дека смртта не се третира како сомнителна и дека најблиските на Џесика се известени.

„Со длабока тага мораме да ве информираме дека утрово на работа почина високо ценет член на нашиот тим. Семејството е информирано, а семејството и тимот на Манор Хаус бараат приватност во овој момент“, се вели во соопштението.

Џесика Воли работела и за шеикот Хамдан бин Рашид Ал Мактум од Дубаи, кој поседува штали со чистокрвни коњи.

Пред четири години таа ја претставувала Британија на изборот за Мис туризам универзум во Бејрут, каде што се пласирала во првите 10 натпреварувачки, пишува „Дејли мејл“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk