Поранешниот кинески репрезентативец (92 настапи и шест гола) и поранешен член на Евертон е последниот во низата спортски работници кои добија тешки затворски казни.
Ли е осуден за примање мито во вредност од над 110.000.000 јени, што е дури 15.100.000 долари во периодот од 2015 до 2021 година, а од таа сума зел 6.800.000 долари како селектор на кинеската репрезентација од 2019 до 2021 година.
Според обвинението, Ли правел услуги како што се избирање на одредени играчи, помагање на некои клубови да доведат фудбалери, а самиот понудил поткуп од 412.000 долари за да стане селектор на Кина.
Казната на Ли веројатно ќе беше уште поголема доколку тој не признаеше дека учествувал во поткуп и местење натпревари во документарен филм емитуван на почетокот на годината на националната телевизија.
Ли Ти играше за Лиаонинг, Евертон, Шефилд Јунајтед и Ченгду за време на својата играчка кариера, а беше тренер на Хебеи и Вухан пред да ја преземе функцијата селектор на Кина во 2019 година, која ја извршуваше до 2021 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата