logo
logo
logo

Понеделник и вторник е со бившата, среда и четврток со новата, ЗА ВИКЕНД ДВЕТЕ

Vecer | 16.04.2021

Понеделник и вторник е со бившата, среда и четврток со новата, ЗА ВИКЕНД ДВЕТЕ

Кевин Весли (39), мотивациски говорник од Северна Каролина, живее, како што вели тој, во среќна врска со две жени, а за да бидат работите уште почудни, едната е неговата поранешна сопруга.

Кевин  се залага за односи со повеќе партнери, но забележува дека е потребен голем напор за да бидат среќни сите три страни.

Кевин ја запознал својата поранешна сопруга Џејми Тене во црква, а двајцата биле во брак 13 години, пред да се разведат во 2015 година.

Двајцата признаваат дека главната причина за разводот е тоа што постојано се расправале и на крајот ситуацијата стана неподнослива и Весли одлучил дека е време секој да тргне по својот пат.

Како и да е, Кевин долго време сонувал за врска со две жени, и на крајот успеал да ја направи реалност.

На почетокот на 2020 година, Весли ја запознал Лејси Ле Бо. Тој веднаш и дал до знаење дека сака да направи љубовен триаголник.

Пред и предложил и бившата и таа се согласила бидејќи, како што објаснува, ја привлекувала нова можност да ја оживее својата врска.

Кевин договорил средба со нив и ги оставил жените да се договорат.

Тоа, се разбира, значи добра организација. Со цел сè да биде прилично поделено, тројцата имаат добро воспоставена рутина: Кевин се гледа Џејми во понеделник и вторник, среда и четврток се резервирани за Лејси, а тројцата ги поминуваат останатите три дена заедно.

За да не ги повреди чувствата на своите сопруги, Кевин се грижи да не покажува премногу наклонетост кон ниту една од нив во јавноста.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk