logo
logo
logo

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Vecer | 01.08.2024

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

На 1 август 1944 година, во 17 часот, припадниците на полскиот отпор предводени од татковинската армија (Армија Крајова) почнаа вооружено востание во Варшава против нацистичкиот окупатор.

Воената цел беше да се ослободи Варшава од германската окупација пред пристигнувањето на советската Црвена армија за да се спречи создавањето на влада под советска контрола во Полска.

Сепак, востанието беше задушено по 63 дена борби, кои ги чинеа животите на речиси 200.000 Полјаци, повеќето од нив цивили. Останатите половина милион жители на Варшава беа депортирани, а градот беше речиси целосно уништен.

Годишнината се обележува со голем број настани, вклучувајќи миси, концерти и средби со последните преживеани полски борци на отпорот.

Иако востанието на крајот пропадна, полскиот претседател Анджеј Дуда синоќа за време на централната комеморативна церемонија, го нарече „морална основа на полската независност“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk