Полиграфско тестирање докажува дека порно-актерката спиела со Доналд Трамп

Според резултатите на полиграфското тестирање спроведено пред седум години до кои дојде „Си-Би-Ес Њуз“, порно актерката Сторми Даниелс ја зборувала вистината кога тврдела дека имала сексуален однос без заштита со американскиот претседател Доналд Трамп.

За време на испитувањето, Стефани Клифорд, како што гласи вистинското име на порно актерката, одговарала на следниве прашања:

1.Дали сте имале вагинално-пенетративен однос со Доналд Трамп, во текот на јули во 2006-та година?

2. Дали сте имале сексуален однос без заштита со Доналд Трамп, во текот на јули 2006-та година?

3. Дали Трамп ви ветил дека ќе влезете во неговото риалити шоу?

Според резултатите на тестирањето, Даниелс на сите три прашања одговорила со “да“.

Одговорот на првото прашање бил оценет со +9 за вистинитост, одговорт на второто со +6, додека на третиот одговор добила оценка +4. Ваквите резултати се доволни за целокупното испитување да се оцени како вистинито, пишува „Инди 100“.

Белата куќа негираше дека Доналд Трамп имал врска со Сторми Даниелс.

Актерката во филмовите за возрасни, сега го тужи американскиот претседател и неговиот адвокат Мајкл Коен, обидувајќи се да го раскине договорот за неизнесување на информации, кој ја спречува да проговори за аферата со сегашниот шеф на Белата куќа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари