logo
logo
logo

Полицајка дала отказ и сега ИСПОЛНУВА МАШКИ ФАНТАЗИИ на Интернет (ФОТО)

Vecer | 09.03.2021

Полицајка дала отказ и сега ИСПОЛНУВА МАШКИ ФАНТАЗИИ на Интернет (ФОТО)

Кога имала 19 години, Шарлот Роуз станала полицајка, а  нејзиниот сон бил да влезе во единицата К9 која работи со кучиња.

Но, нејзината кариера наскоро се одвивала во сосема неочекувана насока.

„Сакав да работам со кучиња и се пријавив за единицата К9. Сепак, наскоро ми стана јасно дека сè е подредено кон мажите и дека може да се случи да чекам 10 години и на крајот да не влезам во единицата. Затоа се откажав по една година “, вели Шарлот.

Пред пет години, таа одлучила продава слики од себе и се покажа дека тоа и донело огромен профит.

„Најтешкиот дел од работата е огромната конкуренција - секоја девојка би сакала да биде на мое место. Секој мисли дека ова е лесен приход, и дека е доволно малку да се разголи, но не гледаат колку часови работа се инвестирани тука. Колку што знам, јас сум личноста која заработува најубедливо, притоа почитувајќи ги границите “, објаснува Роуз.

А колку добро и ’оди, најдобро покажува фактот дека заработува околу 175 000 евра месечно

Логично, тоа значи дека таа може да си ја исполни својата најголема желба и си купила „Ламборџини“,  од 300.000 евра.

За разлика од повеќето, нејзината страница нема никаква врска со порнографија.

„Повеќето луѓе го поистоветуваат „Онли фанс“ со порнографија, што не ми пречи. Мојата страница е прилично скромна. Играм улоги и разговарам со мажи и покревам одредени фантазии, но главно тоа е само разговор. За мене, ова е лично, бидејќи воспоставив блиски односи со многу фанови и многу добро ги запознав“, објаснува таа и продолжува:

„Знам што прават или како се викаат нивните деца. Знам кога имаат лош ден и тогаш им испраќам неколку слики од мене со кученцата, за да ги расположам. Затоа имам лојални обожаватели.  Другите девојки се шокирани од тоа колку заработувам без да правам порнографија пред камера “, заклучи Шарлот Роуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk