logo
logo
logo

Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј

Vecer | 18.02.2025

Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј

 Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.

-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон. Во четврток во 6:30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, а во 8:45 часот ќе почне Светата архиерејска Златоустова Литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со монашко братство и сестринство. Имајќи го предвид бројот од над илјада верници кои во просек присуствуваа на одбележувањето изминатите години, масовно присуство се очекува и овој пат.

Минатата година на одблежувањето посебна чест беше присуството на Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија. Со него, допатуваа и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојувале во студентскиот интернат во Влатадон. в

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk