Погребаа четири деца, а потоа ја примија настрашната вест: Вашата ќерка има само уште недела дена живот, мистериозна болест им ги зема децата

Марк и Џејми Полак од Северна Ирска веќе загубија четири деца, син и три ќерки поради болест која ниту еден доктор досега не ја дијагностицираше, а наскоро ќе останат и без тригодишната Лејси.

За неа лекарите рекоа дека и останале неколку дена живот. Единствено што овие скршени родители сакаат е на Лејси да и овозможат се што некогаш посакувала и да доживее моменти за паметење.

Марк и Џејми веќе изгубија четири деца, најмладото имало само 9 месеци, а најстарото дете 13 години. Сите ги загубија од иста болест, која досега ниту еден лекар не успеа да ја открие. Лејси има уште четири браќа, кои за среќа, не страдаат од мистериозната состојба.

 

-Во неделата докторот ни рече дека Лејси има само уште неколку дена живот. Родена е со нарушување како и нејзините три сестри и братот, но тоа никогаш не е дијагностицирано. Сите истражувања на гените се нормални, изјави нејзината мајка Џејми. Синот Џордан беше првиот кој го изгубија во 2001, кога имал само 11 месеци. По него починала и Џејми Ли во нејзината 13. година, а во 2011 година во шестата година почина и Ели. Само година дена подоцна, останаа и без Лекси, која имала само 9 месеци.

-Не можеа да одат, да зборуваат, тешко дишеа и јадеа. Лејси половина живот го помина во болница. Моментално е на апарати и под лекови, но и натаму не слуша и понекогаш се насмевнува, раскажува Џејми. Лејси за неколку дека ќе го прослави својот четврти роденден, а семејството се труги да и ги исполни сите желби на роденденската журка.

-Ни дојде маскотата Пепа прасенце и екипата на Белфаст Џајантс. Не можевме да го добиеме пејачот Ед Ширан, но докторот од болницата во кој претходно се лечеше дојде со гитара и таа веднаш отвори очи кога почна да пее. Медицинските сестри не можеа да веруваат, рече Џејми и додаде дека на Лејси и треба 24-часовна нега.

Семејството Полак има уште четири деца - Кејн (9), Зак (8), Оли (5) и едногодишниот Марк.

Поврзани

Најнови вести

Коментари