logo
logo
logo

Поевтино е да леташ за Турција и да јадеш таму - Го нападнаа познатиот готвач за „солените“ цени (ФОТО)

Vecer | 19.10.2021

Поевтино е да леташ за Турција и да јадеш таму - Го нападнаа познатиот готвач за „солените“ цени (ФОТО)

Познатиот турски готвач Нусрет познат како „Salt bae“  неодамна отвори ресторан во Лондон, а кратко потоа беше прозван на социјалните мрежи бидејќи цените во овој ресторан биле „солени“

Еден од посетителите на ресторанот сподели фотографија од сметката со видливите цени на пијалоците и храната во ресторанот.

На пример, две Кока-Коли чинат 21 евро, додека четири Ред Була 52 евра.

„Златниот стек“ во ресторанот на Нусрет чини речиси 750 евра.

Незадоволните посетители напишаа дека јадат многу подобро месо за помалку пари, како и дека не се задоволни од атмосферата и услугата во ресторанот на Нусрет.

„Поевтино е да леташ за Турција и да јадеш таму“, „Страшно, јадев подобра храна за помалку пари“, се само некои од негативните коментари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk