Познатиот турски готвач Нусрет познат како „Salt bae“ неодамна отвори ресторан во Лондон, а кратко потоа беше прозван на социјалните мрежи бидејќи цените во овој ресторан биле „солени“
Еден од посетителите на ресторанот сподели фотографија од сметката со видливите цени на пијалоците и храната во ресторанот.
На пример, две Кока-Коли чинат 21 евро, додека четири Ред Була 52 евра.
„Златниот стек“ во ресторанот на Нусрет чини речиси 750 евра.
Незадоволните посетители напишаа дека јадат многу подобро месо за помалку пари, како и дека не се задоволни од атмосферата и услугата во ресторанот на Нусрет.
„Поевтино е да леташ за Турција и да јадеш таму“, „Страшно, јадев подобра храна за помалку пари“, се само некои од негативните коментари.
44 great british pounds for 4 redbulls… having a laugh. pic.twitter.com/xgzs8f2cEu
— Jamz (@jjamz_) September 26, 2021
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата