logo
logo
logo

Поднесено барање за вакцина во спреј против Ковид 19

Vecer | 27.10.2021

Поднесено барање за вакцина во спреј против Ковид 19

Руската фармацевтска компанија „Генериум“ направи назална верзија на вакцината против корона вирусот „Спутник Ве“ и поднесе барање за спроведување на клинички испитувања, соопшти генералниот директор на компанијата Даниел Таљански, пренесуваат руските медиуми.

Врз основа на вакцината од Институтот Гамалеја, направивме интраназална форма на вакцината која едноставно се вбризгува во носот. Многу полесно се поднесува од обичната вакцина, а нејзината ефикасност не е полоша од традиционалната форма на вакцината, со оглед на податоците што ги имаме денес. Документите ги доставивме до Министерството за здравство на Русија за да добиеме дозвола за клинички испитувања“, рече Таљански.

Компанијата се надева дека ќе ја регистрира назалната вакцина за шест до осум месеци, по што ќе биде достапна за руските граѓани.

Како што објасни Таљански, назалната вакцина ќе се дава двапати, како и традиционалната вакцина. Во исто време, за разлика од вакцината „Спутник Ве“ која се дава интрамускулно, новата верзија на вакцината нема потреба да се замрзнува, па за нејзино доставување нема да бидат потребни посебни услови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk