logo
logo
logo

Почнува сезоната на кралот на зодијакот: Овие 16 работи што многумина не ги знаат за Лавот

Vecer | 28.07.2021

Почнува сезоната на кралот на зодијакот: Овие 16 работи што многумина не ги знаат за Лавот

Сезоната на хороскопскиот знак Лав паѓа помеѓу 23 јули и 22 август, точно во времето за големата летна жештина на западната хемисфера. Како огнен петти знак на Зодијакот, Лавовите ја претставуваат летната сезона и често имаат огнени карактеристики на личноста, изразена амбиција и магнетна самодоверба.

Лавовите се големи, горди мачки, храбри и бестрашни. Хороскопските лавови имаат многу слични карактеристики и често ги одразуваат карактеристиките на ова кралско животно. Се разбира, овие особини можат да одат и во позитивна и во негативна насока, така што тие исто така можат да имаат некои карактеристики што можеби не им ги припишувате „на почетокот“.

Еве неколку работи што можеби не ги знаете за Лавовите:

1. Тие се еден од најсигурнитее знаци

Лавовите имаат големо его и не сакаат другите да ги доживуваат како ранливи. Затоа, тие често се најсигурните луѓе во просторијата, стојат со крената глава, со насмевка на лицето.

2. Тие напредуваат на водечки позиции

Охрабрени од оган, Лавовите се амбициозни и познати по нивната љубов кон рефлекторите. Ова ги прави совршени кандидати за водечки позиции, па затоа често се политичари, наставници или мафијаши, бидејќи тие се  шефови сами на себе.

3. Многу се лојални

Лавовите се дарежливи и целосно верни на своите најблиски. Партнерот во знакот Лав ќе ве заштити засекогаш.

4. Исклучително се храбри

Родени се со срце на лав, па природно се меѓу најхрабрите знаци на Зодијакот. Тие не се плашат од неволји во секојдневниот живот и се подготвени да започнат авантура во непознатото!

5. Не се плашат да искажат мислење

Лавовите се прилично гласни суштества, не се плашат да искажат мислење и можат да бидат тврдоглави околу промена на план или патека. Понекогаш ова може да изгледа сурово бидејќи тие се подготвени да користат „тешко вербално оружје“ за да ги одбранат своите верувања кога нешто ќе им се испречи на патот.

6. Дружељубиви се

Со својата магнетна личност и самодоверба, Лавовите магнетски привлекуваат луѓе. Опуштени се, пријателски, заинтересирани, хумористични и луѓето сакаат да се дружат со нив. Како резултат на тоа, тие се многу посакувано друштво.

7. Лавовите се како пчели

Тие се многу енергични и одлучни, Лавовите се движат со брзо темпо и скоро секогаш се зафатени. Понекогаш може да биде тешко за партнерот или пријателите да бидат во чекор со амбициозниот Лав.

8. Тие се несигурни, им треба потврда од другите

Лавовите се вредни и сакаат да бидат во центарот на вниманието, а најмногу ги боли кога никој не го препознава нивниот напор. Ова е често длабоко скриена особина, бидејќи никој роден во овој знак всушност не сака да видат колку всушност му е потребно признавањето од околината.

9. Сакаат да вежбаат

Вежбањето го прави Лавот среќен. Ова има смисла затоа што тие се трошат многу на работа, затоа им требаат и многу стимулативни вежби со висок интензитет кои помагаат во одржување на силата.

10. Родени се за сцена

Театарлни и страствени, Лавовите се совршен материјал за црвениот тепих. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и чувствуваат одредена возбуда кога се во преден план. Тие го сакаат сјајот и гламурот што доаѓа со ѕвезден сјај.

11. Можат да се љубоморни на другите

Лавовите навистина сакаат да бидат на врвот. Кога некој друг ќе ги засени - особено ако станува збор за нивни партнер или пријател - тогаш може да бидат целосно обземени од љубомора до болен степен.

12. Често флертуваат

Лавовите често се харизматични и шармантни луѓе, што ги прави родени кокети. Многу луѓе многу брзо чувствуваат симпатии за Лавовите и со задоволство прифаќаат флертување, што може да биде тешко за нивните партнери. Сепак, Лавовите се исто така неверојатно лојални!

13. Можат да бидат многу суетни

Високата доза на самодоверба и тенденцијата кон ѕвездени височини, кон која тежнеат, може да доведе до тоа тие да станат многу површни и празни, и да почнат да се грижат повеќе за себе отколку за другите.

14. Паѓаат само на големи гестови

Тие се страствени и имаат силно чувство за драма, така што патот до срцето на Лавот може да биде поплочен само со големи гестови. Зборуваме за ливчиња од роза расфрлани на подот и буквално огномет.

15. Сакаат убави работи

Лавовите донекаде веруваат дека парите можат да купат среќа. На ист начин како што мачката сака да се негува, па Лавовите се подготвени да потрошат многу пари за да изгледаат одлично.

16. Тие се симбол на силата

Сумирајќи ги сите карактеристики што ги опишавме, останува да се каже едно: Лавовите претставуваат сила. Соочени со неволји, тие се одлучни и сигурни, и тоа е нешто што сите од нив  можат да го научат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk