logo
logo
logo

Починал познатиот актер и татко на Блејк Лајвли, Ерни Лајвли

Vecer | 10.06.2021

Починал познатиот актер и татко на Блејк Лајвли, Ерни Лајвли

Ерни Лајвли, познат актер и татко на актерката Блејк Лајвли, почина на 75-годишна возраст.

Како причината за смртта се наведени проблеми со срцето, пишува Дедлајн.

Во текот на неговата 45-годишна кариера, тој се појавил во многу познати серии и филмови како што се „The Dukes of Hazzard“, „Murder, She Wrote“ и „Seinfeld“.

Пред актерската кариера, Лајвли бил маринец и извесно време служел во Виетнам. Тој исто така бил ментор за глума и помагал во создавање на  кариерите на познатите актери и актерки како Алисон Ханиган, Бретани Марфи, Скот Грајмс и други.

Лајвли поазади себе ја остави сопругата Елејн со која се ожени пред 41 година, пет деца, зетот Рајан Рејнолдс, сестра Џудит и неколку внуци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk