logo
logo
logo

Почина легендарниот моден дизајнер Пако Рабан

Vecer | 03.02.2023

Почина легендарниот моден дизајнер Пако Рабан

Почина во Портсал, Франција, а веста ја објави шпанската групација Пуиг, која е сопственик на куќата за мода и парфеми Paco Rabanne.

"Кој друг би можел да ги натера модерните парижанки да купуваат фустани направени од пластика и метал? Кој освен Пако Рабан би можел да замисли мирис наречен Каландре, кој е збор од автомобилската индустрија, и да го претвори во икона на модерната женственост?" изјави Хозе Мануел Албеса, претседател на одделот за мода и убавина на Пуиг.

„Тој радикален, бунтовнички дух го издвојува од останатите. Има само еден Рабан“, продолжи тој. „Со неговата смрт уште еднаш се сеќаваме на неговото огромно влијание врз современата мода, но и на духот што сè уште живее во куќата што го носи неговото име“, заклучи тој.

Многу имиња од модната индустрија се збогуваат со легендарниот дизајнер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk