logo
logo
logo

Почина креаторот на империјата која 23 години ги правеше „Реј Бан“: Кој беше богатиот Италијанец?

Vecer | 28.06.2022

Почина креаторот на империјата која 23 години ги правеше „Реј Бан“: Кој беше богатиот Италијанец?

Леонардо дел Векио беше италијански бизнисмен и милијардер од Милано (Италија), поточно основач на познатата компанија Luxotica, најголемиот светски производител и продавач на очила и рамки.

Според индексот на милијардери на Блумберг, се проценува дека дел Векио беше „тежок“ околу 24 милијарди долари.

Роден е во 1935 година во сиромашно семејство од Барлета (Јужна Италија), а почина на 27 јуни на 87-годишна возраст.

Кариерата ја започнал работејќи како чирак кај производител на алати и умира во Милано, но своето знаење и вештини за обработка на метал решил да ги претвори во изработка на делови за очила.

Дел Векио, наводно, починал во понеделник наутро во Сан Рафаел, Милано. Веста ја пренесоа сите светски медиуми, а преку соопштение се огласи и компанијата „EssilorLuxottica". Според наводите, Италијанецот се преселил во Агордо во 1961 година, во провинцијата Белуно, каде што е центар на италијанската индустрија за очила. Групата „EssilorLuxottica“ е, инаку, сопственик на култниот бренд „ray-ban“, основан во 1936 година. Брендот е основан под покровителство на „Bausch & Lomb“.

Приказната на Леонардо дел Векио е неверојатна затоа што тој успеал, така да се каже, да заработи богатство вредно десетици милијарди евра од ништо: тоа е исто така една од најпознатите приказни за збогатувањето во повоеното економско закрепнување на Италија, објави Си-Ен-Ен.

На крајот на 2021 година тој беше вториот најбогат човек во Италија, зад Џовани Фереро, од групата „задолжена“ за производство на Нутела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk