logo
logo
logo

ПОЧИНА актерот Џеј Пикет почина, му се слошило на снимање

Vecer | 02.08.2021

ПОЧИНА актерот Џеј Пикет почина, му се слошило на снимање

Актерот Џеј Пикет, познат за публиката по меговите улоги во сериите „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“, почина на 61 -годишна возраст на филмскиот сет во американската држава Ајдахо. Имено, на Пикет му се слошило за време на снимањето на неговиот нов филм „Долина на богатството“, а тажната вест за неговата смрт ја потврдила неговата сопруга, пишува Daily Mail.

- Џеј Пикет, нашиот главен човек, писател, продуцент и креатор на овој филм ненадејно почина додека бевме на сетот и се подготвувавме да ја снимиме сцената. Нашите срца се скршени и тагуваме со неговото семејство кое е уништено од оваа трагедија - рече Тревис Милс, режисер на филмот.

https://www.facebook.com/treasurevalleymovie/posts/157792123123496

- Нема официјална потврда за причината за неговата смрт, но се чини дека станува збор за срцев удар. Сите што беа до него се обидуваа да му помогнат - додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk