logo
logo
logo

Платила 500 фунти за НОВОГОДИШНИОТ КАЛЕНДАР НА ДИОР па се шокирала кога видела што има во него

Vecer | 03.12.2022

Платила 500 фунти за НОВОГОДИШНИОТ КАЛЕНДАР НА ДИОР па се шокирала кога видела што има во него

Божиќните адвентски календари обично се полни со бонбони, но луѓето понекогаш трошат повеќе за да ги добијат производите од високата класа што можат да ги користат во наредната година. Ако потрошите речиси 500 фунти, како Инна Тураджик, од завојуваниот Киев, би очекувале да добиете квалитетни производи во нормално пакување, но - лесно е да се разочарате, пишува The Sun.

Имено, корисниците на ТИК Ток, со кои Инна ја сподели содржината на луксузниот адвентски календар на Диор, кој во Хародс се продава за 470 фунти, беа непријатно изненадени од неговата содржина, очекуваа повеќе.

Сакајќи да се почести, Инна возбудено го отвори календарот, решавајќи со своите 30.000 следбеници на TikTok да сподели што носи оваа луксузна колекција.

@inna_turadzhyk What you think about this calendar? #dior #unboxing #unpacking #adventcalendar #adventcalendar2022 #adventcalendaropening #dioradvent #cosmetics #makeup #parfum ♬ AIN'T GONNA STOP - Carol Kay

Првото нешто што го извади од кутијата беше минијатурно шише парфем J'adore, но на минијатурите им немаше крај. Додека Инна отвораше едно по едно пакување, производите беа наредени со големина на тестери што ги добивате во продавница за да го пробате производот.

Меќу нив имаше сјај за усни, мала свеќа, прекрасно мини шише парфем Miss Dior, уште еден мал примерок од парфем Dior Girls, како и други ситници за убавина. За да го направи календарот особено празничен, луксузниот бренд реши да вметне блескава ѕвезда, иако прилично мала.

За оние кои ги сакаат своите производи за нега на кожата, Диор додаде крем за лице со средна големина, неколку серуми и крем за раце. И при отворањето на последниот, 24-ти пакет, со кој завршува месецот на подарување, се покажа дека внатре има уште една свеќа.

Иако Инна не откри точно што мисли за скапиот календар, повеќето следбеници се согласија во едно: Кутијата е прескапа за она што е внатре. Многу други ги збуни низата мини дезени и свеќи во календарот, меѓу многуте коментари беше и овој:

- Па, нели е шега тој подарок во 24-тата кутија? Дали не беа доволни три свеќи?!

24sata

@inna_turadzhyk♬ CUFF IT - Beyoncé

Друга жена купила ваков календар, па на Youtube покажала како изгледа и што има внатре, но не изгледала разочарана како Инна. Во нејзиното видео можете јасно да видите сè.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk