logo
logo
logo

ПЛАНЕТАРНО ПОПУЛАРНА: Зошто светот полуде по корејската серија "Squid Game"? (ВИДЕО)

Vecer | 15.10.2021

ПЛАНЕТАРНО ПОПУЛАРНА: Зошто светот полуде по корејската серија "Squid Game"? (ВИДЕО)

Популарната серија "Squid Game" ја стекна титулата за најуспешно остварување на Нетфликс во најкраток рок после објавувањето, поточно за само 17 дена.

На Твитер профилот на Нетфликс објавено е дека трилерот за преживување на Хванг Дон Хјук достигна 111 милиони прегледи во првите 17 дена од премиерата.

Покрај тоа "Squid Game" е првата серија на Нетлфикс која надмина 100 милиони прегледи во првите 28 дена од објавувањето, рекол гласноговорникот на The Verge.

[embed]https://youtu.be/qvgzSKLLTl8[/embed]

Нетфликс обично користи 28 дневна рамка за мерење на перформансите на новите наслови на својата платформа. Гласноговрникот потврдил дека бројките кои ги споделил се темели на бројот на кориснички сметки кои ја гледале серијата најмалку две минути, што е нивната стандардна мерка за рангирање на насловите.

Од претставувањето на Нетфликс на 17 септември, "Squid Game" ја достигна позицијата број 1 на стриминг сервисот во 94 земји - во секоја земја на светот каде платформата има топ 10 листи.

Покрај тоа, серијата во САД ја зазеде првата позиција за само 21 ден со што соборен е рекордот за серија од странско подрачје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk