logo
logo
logo

Пирс Морган нема да се извини за „принцезата ПИНОКИО“: ПОБРЗО ЌЕ ЈАДАМ ВЕГАНСКИ КОЛБАСИ

Vecer | 23.07.2021

Пирс Морган нема да се извини за „принцезата ПИНОКИО“: ПОБРЗО ЌЕ ЈАДАМ ВЕГАНСКИ КОЛБАСИ

Пирс Морган уште еднаш изјави дека нема да и се извини на Меган Маркл за коментарите кои ги даде за неа, откако обожаватели бараа од него да престане да мрчи.

Еден обожавател го праша на Твитер дали би се извинил за неговите коментари во врска со Меган во емисијата „Добро утро Велика Британија“, вклучително и дека не верува дека и била скратена поддршка за менталното здравје, за да може да се врати во шоуто.

Откако Пирс призна дека му недостигаат на гледачите, обожавателот напиша: „Да, Пирс престани да мрчиш, кажи дека ти е жал и врати се и направи го ГМБ повторно одличен“.

„Повеќе сакам да јадам вегански  колбаси цел живот отколку да се извинам што не и верував на принцезата Пинокио“, одговори Пирс.

По повод „интервјуто на деценијата“ што Опра го спроведе со принцот Хари и Меган Маркл, тој изјави дека е страшно вознемирен.

„Ова е двочасовно ѓубре од нашето кралско семејство, монархијата и сè на што нашата кралица работеше толку напорно и сето тоа е направено додека принцот Филип е во болница. Тие сакаат да уништат сè. Тие во основа велат дека нашето кралско семејство е еден куп бели врховисти“, рече Пирс.

Пирс Морган по интервјуто на Опра рече дека „не би поверувал на Меган Маркл и да ја прочита неговата временска прогноза“. Тој тогаш рече дека не верува дека дворот е полн со расисти. Како резултат, среде жестока дебата во неговата емисија, Пирс луто ја напушти програмата во живо, и оттогаш престана да биде водител на популарната утринска емисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk