„Пипл“ ги избраа иконите на стилот во 2018 година

Секоја година престижниот магазин „Пипл“ прави листа на најдобро облечени дами, и оваа година престижната титула икона на стилот ја доби војвотката од Сасекс и миленичка на британската нација Меган Маркл.

Во текот на минатата година откога е во центарот на вниманието на јавноста, прво заради врската, а потоа и бракот со британскиот принц Хари, Меган блескаше во беспрекорни модни комбинации кои и ја донесоа и неофицијалнната титула војвотка од стил.

Актерката Лупита Нјонго е позната по смелите тоалети во интензивни бои и интересен дизајн, а тоа го награди модното жирито на магазинот „Пипл“.

Позицијата на Амал Клуни во оваа листа е изненадување, бидејќи според многумина, сопругата на Џорџ Клуни претставува отелотворување на беспрекорна елеганција.

Кога станува збор за иконични стилови кај познати личности, актерката Кејт Бланшет е, секако, ветеран во оваа категорија. Со години, таа ја носи оваа ласкава титула.

Сакале или не, но на Ким Кардашијан не може да и се оспори титулата на трендсетерка.

Што и да облече оваа ријалити ѕвезда станува хит во светот, а девојките ја следат во огромен број.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари