logo
logo
logo

Пилот не сакал да полета по принудно слетување- му завршила смената

Vecer | 23.01.2022

Пилот не сакал да полета по принудно слетување- му завршила смената

„Експрес трибјун“ пишува дека летот ПК-9754 полетал од Ријад за Исламабад. Меѓутоа, лошото време го принудило пилотот да слета во Дамам, Саудиска Арабија. Проблемите настанале кога пилотот одбил да продолжи да лета по слетувањето.

Пилотот, кој не е именуван, рече дека неговата смена е завршена и одбил да го заврши патувањето. Во меѓувреме, патниците почнале да протестираат поради доцнењето. Како што ситуацијата станувала се` понапната, дури и обезбедувањето на аеродромот Дамам било повикано.

На патниците на крајот им било обезбедено хотелско сместување додека не продолжи летот. „Пилотот треба да мирува бидејќи тоа е неопходно за безбедноста на летот. Сите патници ќе пристигнат на аеродромот во Исламабад во 23 часот, а дотогаш ќе бидат во хотели“, изјавил портпаролот на Pakistan International Airlines по инцидентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk