logo
logo
logo

Пилот за време на лет се соблекол и гледал порнич: Се почна како шега, а денес сум во судница!

Vecer | 31.05.2021

Пилот за време на лет се соблекол и гледал порнич: Се почна како шега, а денес сум во судница!

Веројатно голем дел од вас сте се запрашале што прават пилотите за време на прекуокеанските летови?

Изминативе денови низ светските медиуми кружи сведоштвото на поранешниот американски пилот Мајкл Хак кој признал дека направил "развратен" чин за време на еден од неговите летови.

Имено тој во текот на лет минатата година се соблекол во пилотската кабина пред копилотката и гледал порнографија на лаптоп.

Судијата во државата Мериленд го осудил на условна казна од една година и наредил да плати казна од 5.000 долари.

Инцидентот се случил на летот на "Southwest Airlines" од Филаделфија кон Орландо на 10-ти август 2020-та година.

Кога авионот достигнал крстаречка висина, Хак станал од своето пилотско седиште, ја соблекол облеката и гледал порнографија на својот лаптоп.

"Продолжил непристојно да се однесува во пилотската кабина, додека копилотката продолжила да ги врши своите должности", рекол обвинителот.

Помошникот обвинител Мајкл Канингем рекол дека "копилотката имала право да не биде дел од ова однесување, без разлика што го мотивирало".

Хак рекол дека е виновен и дека намерно го направил "развратниот и непристоен чин".

Сега веќе поранешниот пилот се извинил за своето однесување, додавајќи дека се почнало како шега меѓу него и неговата колешка.

"Никогаш не би помислил дека ќе се претвори во ова", рекол Хак преку видео-линк, пренесува "Sputnik".

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk