logo
logo
logo

Од пилот преку курир до градежник - КОРОНАТА МУ ЈА УНИШТУВА РАБОТАТА

Vecer | 11.02.2021

Од пилот преку курир до градежник - КОРОНАТА МУ ЈА УНИШТУВА РАБОТАТА

Малиот број на патувања поради затворањето на голем дел од државите поради пандемијата, направи да голем дел пилоти ги загубат своите работни места.

Поради тоа, некои мораа да најдат друга работа. А, Патрик Павелчак најдобро го илустрираше ова преку фотографија на која се забележува како ја заменил униформата за само неколку месеци.

„Од авион до градежништво“, напиша тој, потсетувајќи како до неодамна како пилот се жалел на ноќен лет.

Всушност, тој во меѓу бре,е работел и како доставувач во Амазон, па за кратко време сменил три позиции

- Само што уште еднаш се покажа дека треба да научиме да го цениме она што го имаме пред да го изгубиме - рече тој.

Патрик доби огромна поддршка од колегите од целиот свет, а објавата има милиони прегледи.

Се смета дека приближно, осумдесет проценти од светската флота е приземјена, краткорочно или долгорочно, некои авиони веќе завршија во отпад.  Сепак, многу нови авиони, се складирани до некое подобро време, за кое се надеваме дека ќе пристигне наскоро.

Тие дваесет проценти имаат редовни прегледи, редовно се одржуваат, сервисираат и засега се користат малку помалку. Оние што се чуваат на долг рок, сè уште треба да поминат низ различни процедури.

Понекогаш се потребни неколку недели за авионот да се подготви за повторна употреба.

Авиокомпаниите исто така пропаѓаат во регионот, па последниот лет на Монтенегро ерлајнс стана вирален, кога пилотот Никола Павличевиќ, кој леташе со последната линија се поздрави со аеродромот до подобри времиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk