logo
logo
logo

Нутриционистката Клаудија порачува:

ПИЈТЕ ВОДА, многу вода... Одличен сојузник е во борбата против жештината и килограмите!

Vecer | 01.07.2022

ПИЈТЕ ВОДА, многу вода... Одличен сојузник е во борбата против жештината и килограмите!

Како да се справиме со жештините, што да се јаде, пие и најважно од се - како да се одржи линијата или ослабе .... се прашања кои измачуваат многумина, особено во летниот период кога се оди на плажа и се облекува костим за капење, а одговор на нив дава Клаудија Адеми, нутриционист и фитнес тренер, по потекло од Македонија, а со адреса на живеење во Шпанија.

Клаудија речиси 30 години се грижи, пред се, за здравјето на луѓето, но нејзините совети се вистинска „магија“ и за оние кои сакаат да ослабат. На нејзината листа „стопени“ - и познати и непознати, и знајни и незнајни јунаци, а советот речиси за сите ист - Никогаш не е доцна, а секогаш е вистински момент да се почне со грижа за сопственото здравје!

Зборувајќи за Жешко столче, Клаудија вели: „Секој кој се грижи за своето тело и сопственото здравје тоа треба да го прави секој ден, а не еден месец пред летото. Не треба да се јаде сето она што е ставено на масата и не мора се да се изеде се без никаква контрола.  Секогаш велам - јас нудам здрав живот, лајф стајл, начин на исхрана без шеќери, масти... Она на што советувам не е веганска храна, напротив се јаде се, ама мора да се има контрола, и тоа секојдневна. Она што не ти треба, нема ни да се внесува во организмот.“

Најчестите грешки кои се прават и кои доведуваат до некој килограм плус, вели, е тоа што не се јаде на време, се нема организација, се јаде што било, без идеја околу тоа што му треба на телото.

„Редот и дисципината се најважни, дури мислам и дека тоа треба да се учи и на училиште од најмала возраст“, признава Клаудија и додава дека овој период од годината е одличен бидјеќи има изобилство од овошја и зеленчуци кои се вистински благодат. А за најголем сојузник во борбата против екстремните температури ја смета водата.

„Најважно е да се пие многу вода, не сокови особено не газирани. Слободно ставете лимон, мраз, нане во неа, за да биде поинаков вкусот, но важно е да се пие многу вода. Сега има и изобилство од овошје, па затоа навалете. Секако тука се и салатите. Но најважна е волјата, ако ја имате може се да постигнете“, вели Клаудија.

А што уште советува, погледнете во продолжение:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk