logo
logo
logo

Пијте ТОПЛА ВОДА секој ден, ќе се препородите!

Vecer | 03.04.2021

Пијте ТОПЛА ВОДА секој ден, ќе се препородите!

Водата е многу важна кога е во прашање правилното функционирање на организмот. За да може телото да биде здраво, препорачаната количина на вода што мора да се внесе во организмот е најмалку 8 чаши дневно.

Совет е редовно да пиете и топла вода затоа што може да има позитивен ефект врз вашиот метаболизам, како и врз целокупното здравје на вашето тело. Еве како една до две чаши топла вода на ден влијаат на  организмот.

Ја чисти кожата

Бидејќи топлата вода доведува до зголемување на температурата во нашето тело, телото ќе започне да се поти, што е добар начин за чистење на телото и кожата од токсини. Чистењето на телото „одвнатре“ влијае на акните и мозолчињата, така што вашата кожа ќе биде мека и еластична.

Го намалува првутот

Топлата вода влијае и на скалпот. Бидејќи скалпот ќе биде хидриран, првутот е помалку веројатно да се појави на косата. Исто така, топла вода го стимулира растот на косата, бидејќи ги активира нервните завршетоци во фоликулите на косата.

Помага при слабеење

Топлата вода има моќ да ги разгради масните наслаги, да ја подобри циркулацијата и да ги релаксира мускулите.

Ја заштитува кожата од инфекција

Чаша топла вода помага во борбата против воспалението. Влијае на правилното функционирање на бубрезите со чистење од камења и песок.

За подобри резултати, можете да додадете неколку капки сок од лимон во водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk