logo
logo
logo

ПИЈАН СО НОЖ УПАДНАЛ НА РОДИТЕЛСКА во училште во Загреб

Vecer | 15.09.2021

ПИЈАН СО НОЖ УПАДНАЛ НА РОДИТЕЛСКА во училште во Загреб

Пијан маж со нож упаднал на среде родителски состанок во основно училиште во Хрватска.

Според загрепската полиција тој предизвикал хаос,  дури и оштетил една од клупите, но за среќа нема повредени.

„Вчера, 14 септември, околу 18:05 часот во улицата Реметинечка, во дворот на основното училиште, 52-годишен маж под дејство на алкохол од 1,9 промили  упадна во дворот на училиштето Савски рај каде што се одржуваше родителски состанок на отворено. Понатаму, оштети една од клупите со остар предмет, замавна а потоа седнал на блиската клупа, соопшти полицијата, додавајќи дека нема повредени.

Полицијата, исто така, наведе дека мажот, со оглед на тогашната состојба, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во соодветна медицинска установа.

По укажаната помош, тој ќе биде однесен во службените простории за кривична истрага

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk