logo
logo
logo

Петгодишно дете ПОЧИНА ОД СТРЕПТОКОКА - Деветта жртва на оваа бактерија во Велика Британија!

Vecer | 06.12.2022

Петгодишно дете ПОЧИНА ОД СТРЕПТОКОКА - Деветта жртва на оваа бактерија во Велика Британија!

Детето кое почина од стрептокока одело во градинка, а не се знае кога и каде се заразило. Петгодишното дете од Белфаст е деветта жртва на стрептокока во Велика Британија.

Да потсетиме, инвазивната форма на  инфекција од бактеријата стрептокока А се шири во Обединетото Кралство во последните месеци, а владата ги предупредува родителите да внимаваат на симптомите.

Стрептококата предизвикува воспаление на грлото, кое често е придружено со гнојна содржина на крајниците. Таа се пренесува преку респираторни капки од заразено лице. Може да се пренесе и со допир, со допирање на устата, носот или очите.

Меѓу починатите е и малиот Мухамед Ибрахим Али, а веста за неговата смрт ја потврди и неговото училиште во Бакингемшир на 17 ноември, но дури сега беше откриено дека тој починал од стрептококна инфекција.

Во соопштението испратено од училиштето во кое учеше, момчето беше опишано како многу енергично дете кое има убава насмевка.

- Ова е трагичен случај, нашите мисли се со неговото семејство и пријателите - изјави д-р Џил Морисон од Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија.

Во соопштението на институтот се додава дека е покрената истрага за да се утврди како стрептококната инфекција се шири во британските училишта.

Минатата недела Британците беа шокирани од веста за смртта на основец кој почина од компликации предизвикани од стрептокока.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk