Пет причини зошто секс после вежбање е супер идеја

Вежбањето во теретана и вежбањето во спалната соба се поповрзани отколку што си мислите. Сексот сам по себе е одлична физичка активност и во некои пози поефикасно се трошат калории отколку во други, но сексот по добро вежбање, трчање или возење велосипед има многу поволности, велат научниците.

Тие тврдат дека сексот по вежбање не само што го засилува ефектот на вежбањето, туку ќе ви го пружи и најдоброто уживање. Ова се пет причини што научниците ги истакнуваат за да одговорат на прашањето зошто сексот по вежбање е супер идеја.

Поинтензивно доживување

Ако сте фитнес фрик, знаете каква еуфорија доживувате после квалитетно вежбање. Ова полетно чувство се должи на зголеменото ниво на адреналин, допамин, ендорфини и анандамид во телото. Ако сакате да го однесете ова чувство едно ниво погоре, треба да се фрлите на секс. Една жешка „партија" по вежбањето го зголемува нивото на окситоцин кој е врвната љубовна состојка што прави да се чувствувате прекрасно. Окситоцинот се лачи и за време на оргазмот, што значи дека ви претстои незаборавно уживање после кое ќе се чувствувате смирени и среќни. Ова чувство може да ве „држи" и до 4-5 часа.

По вежбање мажите имаат посилна ерекција

По добро вежбање имате посилен проток на крвта низ целото тело, вклучувајќи ги половите органи. Научниците велат дека можно е ја забележите најголемата и најцврстата ерекција што некогаш сте ја имале благодарение на моќната циркулација на крвта. Тие предупредуваат дека тоа може да придонесе и за побрз оргазам, така што внимавајте на темпото ако сакате уживањето да потрае и за двајцата. Научниците исто така препорачуваат да го искористите напливот на енергија во првите 15 минути непосредно по вежбањето за најинтензивен секс и најголемо уживање.

Продолжувате да согорувате калории

Иако веќе е познато дека сексот е одличен и забавен начин за трошење калории, сепак не е замена за класично вежбање. Меѓутоа, може да биде одличен начин да го продолжите активното согорување калории од квалитетното вежбање и да добиете двојни поволности.

Попривлечни сте по вежбање

Привлечноста е многу важен дел од добриот секс. Феромоните што ги произведува вашето загреано, испотено тело се најмоќниот природен афродизијак на кој партнерот, односно партнерката, не може да оддолее. Сепак, направете едно експресно туширање, особено ако планирате да имате и орален секс.

Сексот по вежбање помага за намалување на болката во мускулите

Според едно истражување од 2013 година, 60% од испитаниците пријавиле дека сексот им помага во преболувањето на мигрената. Сексуалната активност може да ви помогне да ја смирите и болката во мускулите, особено по вежбање. Лачењето на хормоните што ги спомнавме погоре помага во ослободување од стресот и блокирање на чувството на болка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари