Пет најопасни авиокомпании во светот

Веб-страницата „Ерлајн рејтингс“, која користи спектар од критериуми да ја утврди безбедноста на авиокомпаниите, состави листа од компании кои добиле една од пет ѕвездички и со тоа се прогласени за најопасни авиокомпании во светот.

„Ер Корио“

Националната авиокомпанија на Северна Кореја е една од најнебезбедните во светот. За разлика од останатите на листата, оваа авиокомпанија немала ниту еден пад и има ИОСА сертификат кој е доказ за успешно исполнување на 810 строги критериуми за безбедност. Тогаш што ја прави оваа авиокомапнија опасна? „Ер Корио“ доби забрана за летање во Европската Унија во 2006 година по загриженоста за безбедноста на нејзините авиони. Додека дел од флотата ги исполнува светските стандарди, повеќето авиони на оваа авиокомпанија и понатаму се забранети.

„Блу винг“

Оваа авиокомпанија со седиште во Суринам има повеќе локални летови, но лета и кон Бразил и Венецуела. Заработила само една ѕвездичка поради големиот број несреќи во 2009 година. Во 2010 година ѝ е забрането да лета во Европската Унија што влијаело само на летот до Француска Гвајана, прекуморска француска територија во која важат законите на ЕУ. „Блу винг“ доживеа три големи несреќи во последните 10 години. Во две несреќи загинаа сите патници на летот, а во третата имаше само повредени. Од авиокомпанијата за несреќите ја обвинуваат лошата инсфраструктура на аеродромот и неможноста нејзините авиони да слетаат безбедно.

„Непал ерлајнс“

Националната авиокомпанија на Непал е полоша дури и од двете погоре наведени. Не исполнува ниту еден критерум за безбедно летање, а во ЕУ е забранета од 2013 година поради големиот број несреќи. Во 2000 година авион се урна во Џарајакали кога загинаа 22 патници и тројца членови на екипажот. Пред 4 години во несреќа загинаа 18 луѓе, а истрагата покажа дека причината за падот бил недостигот од координација и одговорност на екипажот во комбинација со лоши временски услови.

„Тригана ер“

Авиокомпанијата се наоѓа во Индонезија и не исполнува ниту еден критерум за безбедност. Интересно е дека во 2007 година  ЕУ ги забрани сите индонезиски авиокомпании. Само неколку од нив во меѓувреме добија дозвола, но не и „Тригана ер“ која од 2002 година имала дури 14 големи несреќи. Десет несреќи биле означени како „hull loss“ – термин кој се користи кога авионот е толку оштетен што не може да се поправи. Најкатастрофалната несреќа била во 2015 година кога авион се урнал во рурален дел на Папуа, кога загинале 49 патници и пет члена на екипажот. Причината за падот била грешка на пилотот.

„Јети ерлајнс/Тара ер“

Уште една непалска компанија се најде на оваа листа. Во последните осум години имала девет фатални несреќи и е забранета во Европа. „Јети ерлајнс“ е сопственик на „Тара ер“, а двете се на листата затоа што исполнуваат само 3 од 8 најважни критериуми за безбедност. Покрај тоа, овие компании ја имаат најголемата флота во Непал. Тоа значи дека туристите во Непал имаат големи шанси да завршат во еден од нивните авиони.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари