Пет мачки добија наследство од 470.000 долари во Хрватска

Prigorski.hr пишува дека Градот Ѓурѓевац деновиве доби 30 000 американски долари наследство од Марија Хорватек, родена ѓурѓевчанка која пред повеќе децении се преселила во Чикаго. Но неодамна почина, а дел од своето богато наследство остави на својот роден град, со намера да им се помогне на децата.

Но, најголемиот дел од наследството го добија мачките на починатата Марија. Таа им остави 470.000 американски долари, и мачките ќе имаат право на овие средства до крајот на животот. За нив се грижи Ева Барселона, која во нивно име располага со парите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари