Перверзии, "бело" и што уште не – лани предизвика гадење и осуда, но контроверзниот фестивал ќе се одржи повторно

Контроверзниот четиридневен сексуален фестивал во кој се нуди неограничена дрога, алкохол и оргии со проститутки, откако предизвика големо изненадување и гнев минатата година во Колумбија, ќе се одржи оваа година повторно.

Сè се случува на приватен Карибски остров, каде што гостите можат да ги исполнат своите сексуални фантазии, "да се забавуваат како милијардери", велат организаторите.
Во пакетот од скоро 5.700 евра влегуваат девојки со избор, секс во живо, забава на луксузни јахти и изненадувања.

Ветувајќи забава на животот, секоја карта опфаќа неограничено снабдување со кондоми, алкохол и храна во периодот од 14 до 17 декември.

"Имаме 30 билети за 30 гости, секоја карта вклучува друштво од две девојки секој ден за неограничен секс во текот на четирите дена". Целиот остров е за нашите гости, го нарекуваме "остров на сексот", дозволена е конзумација на дрога, и нашите девојки ја конзумираат", велат организаторите.

Минатогодишниот настан предизвика голем гнев, со критики дека е одвратен и гаден. Меѓу другото, на гостите им нудеа 30 минути насамо со 16 девојки во исто време.

Организаторите сега тврдат дека фестивалот ќе се одржи на нова локација поради безбедносни причини.

Тие ги негираат обвинувањата за трговија со луѓе, тврдејќи дека настанот е легален во една неименувана земја во која девојките доброволно учествуваат и имаат повеќе од осумнаесет години.

Тие не ја откриваат локацијата на приватниот остров, но има хаштагови на социјалните мрежи со ознаки "Кариби" и "Колумбија".

Веб-страницата на Фејсбук на фестивалот вели дека има 60 девојки на располагање за да ги "задоволат мажите" и "сите ќе се чувствуваат како кралеви".

Можете да изберете помеѓу нив и да се менувате со други гости во секое време.

Тие додаваат дека клиентите не треба да се плашат од апсења или депортации. На островот, исто така, може да се пристигне во парови, но фотографирање е строго забрането.

Секој клиент ја добива својата соба со поглед на океанот, секојдневната услуга, целосната безбедност и девојки подготвени да ја исполнат секоја желба.

Поврзани

Најнови вести

Коментари