Пентагон молчи за снимката на американските борбени пилоти на која се гледа како бркаат НЛО

Новата снимка на која наводно е скриена ознаката за тајност, прикажува неидентификувани летачки објекти недалеку од источната област на САД, кои во 2015 година биле снимени од двајца пилоти на амеркинаското воено воздухопловство.

Не е сосема јасно што на снимката на која се слуша смеење, вели пилотот кој се обидувал да го стигне летачкиот објект.

Снимката под име „Gou fest" ја објави организацијата „To The Stars Academy of Arts and Science",наведува „Hafington post".

Таа организација наведува дека летачкиот објект нема ни крила ни опашка, како и зад себе не остава трага од дим или пламен. Во описот на видео снимката се вели дека тоа е снимка од Министерството за одбрана на САД, направен од борбениот авион F/A-18. Пентагон, одбива да даде коментар за снимката.

Весникот „Njujork tajms" минатата година откри дека постојат напори од Пентагон за идентификација на воздухопловните феномени, на што воените власти на САД признале дека се скриени истражувањата од неидентификуваните летачки објекти.

Оваа е друга слична снимка која се појави по тоа признание.

- Ова видео е доказ дека постои летало многу напредно од било кое го поседува САД или нејзините сојзници, искоментирал Кристофер Мелон, поранешен воен известувач во администрацијата на Џорџ Буш и Бил Клинтон, пренесува Њујорк пост.

Тој додава дека однесувањето на американските власти кога се во прашање на вакви докази не се објаснува.
- Кога НЛО е во прашање, ФБИ и ЦИА имаат сличен пристап каков што имаа во очи нападот на 11. септември 2001 година. Не се занимаваат доволно со тоа, предупреди Мелон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари