logo
logo
logo

Педофил испи течност за време на изрекување на пресудата и набргу почина

Vecer | 16.08.2022

Педофил испи течност за време на изрекување на пресудата и набргу почина

Откако била прочитана првата од петте точки за кои Едвард Леклер бил прогласен за виновен, осудениот 57-годишник почнал да пие од пластично шише.

– Забележав дека пие – рекол адвокатот Мајк Хауард и продолжил да опишува дека „му се тресе раката“.

- Во тоа време мислев дека се тресе поради пресудата, а потоа продолжи да пие - раскажал адвокатот Хауард.

Помошникот окружен обвинител Џејми Бек изјавил за Denton Record-Chronicle дека течноста изгледала „матна“, но и тој не бил сигурен што има во шишето на Леклер.

Леклер, поранешен механичар на морнарицата и корпоративен регрутер, бил обвинет пред две години по пет точки од обвинението за сексуален напад на деца на возраст меѓу 14 и 17 години и останал на слобода и покрај обвиненијата.

Пресудата дошла по триипол часовно размислување на поротата, а Леклер се соочил со можна казна која се движи од условна до 100 години затвор, рече Хауард.

– Со ваквите обвинувања, доколку обвинетиот биде прогласен за виновен, секако е можна многу тешка казна – објаснил Хауард.

Леклер бил на слобода со кауција за време на судењето. Тој испил поголем дел од она што било во шишето пред да биде ставен во ќелија за да ја чека пресудата. Хауард накратко разговарал со својот клиент додека чекал таму.

Неколку минути подоцна, во судницата, извршителот рекол дека Леклер повраќа. Поротата била испратена дома, а Леклер бил однесен во болница.

- 45-тина минути откако почнаа проблемите, од болницата ме известија дека е констатирана смрт - изјавил неговиот адвокат.

Поротниците се вратиле и биле информирани за смртта на Леклер.

Канцеларијата на медицинскиот истражител од округот Тарант ќе ја утврди причината за смртта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk