logo
logo
logo

ПЧЕЛИТЕ СЕ РИБИ - Чуден закон во Калифорнија

Vecer | 25.09.2022

ПЧЕЛИТЕ СЕ РИБИ - Чуден закон во Калифорнија

Државата Калифорнија воведе нов закон, според кој пчелите се сметаат за риби. „Пчелите се риби“, држава Калифорнија, 2022 година.

Звучи бизарно, но не е без причина. Судот во Калифорнија ова лето одлучи дека пчелите можат легално да се сметаат за риби под одредени околности. Имено, нивниот Закон за загрозени видови е дизајниран да ги заштити домашните видови и подвидови на птици, цицачи, риби, водоземци, влекачи или растенија.

Безрбетниците го најдоа својот законски покрив над главата во категоријата риби. И тоа беше добро се додека навистина имаше риби. Сепак, првиот проблем се појави во 2018 година кога неколку групи започнаа петиција за ставање четири видови бумбари на списокот на загрозени видови.

Врховниот суд на округот Сакраменто тогаш потсети дека „безрбетниците“ во оваа дефиниција се однесуваат само на морските безрбетници, но не и на инсектите.

По долгогодишна борба, организациите за заштита на животната средина постигнаа значајна победа: бумбарите и пчелите сега се препознаени како загрозени, конечно заштитени со закон и знаеме колку се важни за зачувување на планетата. Дури и ако тоа значеше дека се окарактеризирани како.. риби во таа смисла.

Несмасната формулација, која требаше да ги вклучи пчелите во иста заштитна категорија како рибите - а не да ги замени пчелите со риби - предизвика смеа и неверување на социјалните мрежи.

Како и да е, нека заврши добро, би рекле некои, додека остатокот од светот би бил збунет обидувајќи се да го разбере она што штотуку го слушнале.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk