logo
logo
logo

ПАДНА Ким Кардашијан, ама на испит!

Vecer | 27.05.2021

ПАДНА Ким Кардашијан, ама на испит!

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан не се откажува од својот сон да стане адвокат. Пријателите ја прашаа што мисли за испитите по правен факултет.

"Исклучително е тешко. За жал, сè уште не сум положила, но не се предавам и се подготвувам повторно да полагам", одговори Ким.

Ким се подготвувала за испит од првата година од правните студии за кој учела како што рече еднаш, од 10 до 12 часа на ден. Таа добила дури 474 поени од потребните 560 за да положи.

Во најавното видео за новата епизода на „Во чекор со Кардашијанс“, Ким им раскажа на сестрите Кортни и Клое како паднала на испитот.

„Дечки, не го положив испитот“, рече тогаш Ким. Таа исто така објасни каков испит полага.

„Ако сте во правно училиште како мене, кое трае четири години наместо вообичаените три, по првата година треба да полагате испит што, како што слушнав, е потежок од правосуден испит“, кажа.

„Јас сум неуспех“, ѝ рече Ким на адвокатката Џесика Џексон, а таа ѝ одговори: „Не си“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk