Овие ТРИ ПОЗИ ги излудуваат мажите

Иако мажите го обожаваат сексот во секоја смисла, постојат одредени пози кои ќе ги возбудат повеќе отколку што можат да замислат, а сето тоа благодарение на игрите во кои доминира нивното его. Во остатокот од текстот дознајте кои се трите пози во сексот кои ќе направат мажот да ве обожава.
Секс под туш
Секој маж бара изговор за да види влажно женско тело, особено ако може да го допре. Поканете го под туш и оставете го да ве допира во исто време кога водата нежно ја масира вашата кожа. Доколку имате огледало во бањата, слободно погледнете се во него. Неговата самодоверба ќе се зголеми кога ќе види дека добро ви оди.
Орален секс
Иако ова не е баш поза во строга смисла на зборот, секако може да послужи. Ако мажот покажал интерес да го разбудите со орален секс, а вие немате ништо против, исполни му ја фантазијата и подигнете му го егото.
Напредна мисионерска поза
Иако има многу варијации на оваа тема, онаа што го зголемува егото на мажот е позата во која вашиот партнер може да види што прави. Прекрстете ги нозете преку неговите рамена, а дозволете му да се потпре на дланките покрај вас. Гледањето на самиот чин и во исто време на изразот на лицето ќе има многу стимулирачки ефект врз мажот, а вашите воздишки ќе зборуваат повеќе од илјада збора.