logo
logo
logo

Овие спортисти се најдобри во кревет! Сите мислат дека се ФУДБАЛЕРИТЕ, е НЕ СЕ!

Vecer | 26.11.2022

Овие спортисти се најдобри во кревет! Сите мислат дека се ФУДБАЛЕРИТЕ, е НЕ СЕ!

Во светло на светското првенство, спортот стана една од најпопуларните теми, па не е чудно што набрзо се комбинираше со уште една многу честа тема, сексот, логично е да се запрашате кои спортисти се најдобри во кревет. Најновото истражување на еден бренд за спортска исхрана откри кои спортисти најмногу уживаат во сексот и оргазмот, а кои најмалку.

Според оваа студија, фудбалерите се всушност на последното место и најмалку доживуваат кулминација, додека голферите, пак, имаат многу редовен секс и повеќе уживаат во оргазмот.

Исто така, според резултатите од истражувањето, голферите имаат најмногу интимни односи месечно, поточно 12,5 пати, што е повеќе од три пати неделно. Зад нив се танчарите кои уживаат 12,2 пати месечно, а потоа кревачите на тегови - 11,7 пати месечно. Веднаш зад нив се тенисерите со 11,6 пати во еден месец.

Од друга страна, фудбалерите имаат најмалку оргазми, само 3,3 пати месечно, а исто така е откриено дека најмалку имаат самодоверба во кревет. Ова е детална листа:

Голфери: 12,5 пати месечно

Танчари: 12.2

Кревачи на тегови: 112,2

Тенисери: 11.6

Фудбалери: 11.5

– Голфот позитивно влијае на машките хормони и го намалува стресот, што дополнително се поврзува со подобро сексуално задоволство – објаснуваат експертите.

Дури две третини (66%) од тркачите изјавиле дека тоа им дава подобар оргазам. Експертите забележуваат дека трчањето го зголемува нивото на тестостерон и либидо, што дополнително води до поголем сексуален нагон и посилен оргазам, а студиите исто така откриле дека паровите кои трчаат заедно имаат почесто секс.

 

Golf, Golfer, Nemanja Savić

Речиси половина (48 %) од велосипедистите изјавиле дека возењето велосипед ги зголемило нивните сексуални перформанси, додека 89 % од луѓето велат дека вежбањето со тегови позитивно влијаело на нивниот сексуален живот, повеќе од кој било друг спорт, токму затоа што го стимулира производството на тестостерон и го зголемува либидото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk