logo
logo
logo

Овие навики се опасни колку и пушењето, а ги правиме секојдневно!

Vecer | 19.05.2021

Овие навики се опасни колку и пушењето, а ги правиме секојдневно!

Познато е колку е штетно тутунот за човековото тело. Но, современието се одликува со нови навики кои постепено го изместуваат тоа од врвот на списокот смртоносни навики. Следат пет навики присутни во нашето секојдневие, а кои, како што предупредуваат некои американски научници, се барем еднакво опасни како и пушењето.

Осаменост

Најновите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е исто толку штетна за нашето здравје, како и што било друго од врвот на „смртоносната“ листа. Социјалните мрежи и сѐ пореткото излегување „во живо“ со пријатели водат до осаменост, која денес добива неверојатни размери.

Професорот по психологија на Универзитетот „Бригам Јанг“, Жулиен Холт Лунстад вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е еквивалентно на пушење 15 цигари на ден.

„Седечки начин“ на живот

„Седечкиот начин“ на живот го зголемува ризикот од развој на неколку видови рак, открива истражување од 2014 година. На секои дополнителни два часа седење се зголемува опасноста од рак на дебелото црево, на ендометриумот, на белите дробови, без оглед на вежбањето во текот на денот. Дури и со редовно вежбање, седењето повеќе од осум часа на ден го зголемува ризикот од повеќе здравствени проблеми.

Недоволно спиење

Научници посочуваат дека 50 до 70 милиони луѓе во САД, на пр., страдаат од нарушување во спиењето. Недоволното спиење, предупредува професорот од СЗО, Валери Гафаров, ја зголемува опасноста од мозочен или срцев удар во иста мера како и секојдневното пушење.

Солариум

Иако користењето солариум навидум изгледа само како замена за сончањето, тоа може да биде исто толку опасно за организмот како и пушењето. Уште во 2014 година, дерматологијата докажа дека прекумерната употреба на солариум предизвикува рак на кожата и белите дробови, и тоа повеќе отколку цигарите.

Нездраво јадење

Слатката и преработена храна богата со заситени масни киселини придонесува за развој на потенцијално смртоносни болести, како и пушењето. Во 2016 година, истражувачи кои испитувале смртни случаи како резултат на неухранетост, заклучиле дека смртноста ја надминува онаа поврзана со алкохолот, лековите и тутунот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk