logo
logo
logo

Овие лекови не смеете да ги земате со кафе, опасно е по здравјето!

Vecer | 12.08.2024

Овие лекови не смеете да ги земате со кафе, опасно е по здравјето!

Кофеинот ќе ве разбуди наутро, но може да ви создаде проблем.

Многу луѓе имаат стандарден утрински ритуал - ги пијат своите редовни лекови, а потоа си прават кафе. И тука започнуваат огромните проблеми бидејќи лекарите советуваат да не го комбинирате кофеинот со цела палета лекови бидејќи последиците можат да бидат сериозни.

- Кофеинот се филтрира од нашето тело преку бубрезите и се излачува надвор преку урината. Меѓутоа, некои лекови го прекинуваат овој процес и кофеинот останува подолго во телото, а тоа доведува до зголемен број на отчукувањата на срцето и скок на крвниот притисок – наведува д-р Џенифер Бурго.

А долга е листата на лекови кои не смеете да ги пиете со кафе.

Лекови за алергија

Повеќето лекови за алергија содржат стимуланс псеудоефедрин, кој ги стеснува крвните садови за да го намали отокот. Меѓутоа, во текот на овој процес, псеудоефедринот ги стимулира мозочните клетки кои се одговорни за брза реакција кога сме загрозени. А, во комбинација со кофеинот овие симптоми се поизразени и се претвораат во анксиозност и нервоза.

Лекови за дијабетес

- Овде не станува толку збор за директен судир на инсулинот и кофеинот, туку за влијанието на утринското кафе, кое ќе предизвика моментален скок на шеќерот, особено ако го пиете со крем или некој засладувач. Поради ова, лековите за дијабетес ќе бидат помалку ефикасни - вели д-р Хави Нго-Хамилтон од Универзитетот во Минесота.

Антибиотици

Слично како и лековите за алергија, антибиотиците го запираат метаболизмот на кофеинот, кој останува во телото, влијае на работата на срцето и предизвикува нервоза.

Лекови за притисок

- Бета блокаторите од лековите го намалуваат пулсот за срцето да не работи брзо. Меѓутоа, кога пиете кафе по земањето лекови за крвен притисок, тоа ќе ви ги зголеми отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Затоа е добро да земате лекови за крвен притисок два часа пред, или четири часа по кафето – објаснува Нго-Хамилтон.

Остеопороза и тироидна жлезда

Кај лековите за тироидна жлезда и остеопороза, постои ризик лековите да не се апсорбираат правилно ако пиете кафе непосредно пред или по земањето на овие лекови. Затоа се советува да почекате најмалку два часа пред да консумирате храна и кафе по лекови за остеопороза и тироидна жлезда, пишува Дејли Мејл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk