logo
logo
logo

Овие 3 работи НИКОГАШ не ги позајмувајте на други, може да ве бие малер

Vecer | 19.08.2022

Овие 3 работи НИКОГАШ не ги позајмувајте на други, може да ве бие малер

Фенг шуи е кинеска техника за уредување простори и вклучува правила кои обезбедуваат позитивната чи енергија да тече слободно низ домот.

Важно е да се следат одредени правила и упатства, а најважно е куќата да биде уредна, без премногу работи и просторот да биде отворен и пријатен за престој.

feng šui, kuća, stan, knjiga, devojka, naočare

Мајсторите на фенг шуи веруваат дека предметите можат да влијаат на енергијата на просторот и на луѓето кои живеат во него. Исто така, се верува дека предметите можат да пренесат одредени чувства или енергетски вибрации или да привлечат кавги и несреќи во куќата. Затоа треба да внимавате со позајмувањето и подарувањето работи од куќата, но и личните предмети.

Позајмувањето паричник како и чанта се смета за многу непријатно во фенг шуи. Ова е поврзано со одливот на пари и неочекувани трошоци. Ако имате луксузни парчиња гардероба, тоа важи и за нив.

 

Feng šui

Иако е вообичаено некои пријатели да си позајмуваат облека, во фенг шуи тоа не се практикува. Се советува редовно да ја прегледувате и средувате облеката, како и да го исфрлате она што не го носите и во кое повеќе не се чувствувате убаво.

Сепак, ваквите парчиња не треба да се позајмуваат, туку да се посветат од срце на личноста на која ќе ги подарите. Иако се подразбира дека облеката ќе ја исперете, испеглате и закрпите доколку е потребно, и оној кој ја прима треба да ја испере. Се препорачува да се потопи во ладна вода во која е растворена грст сол, да се чува околу половина час, а потоа да се испере.

 

odeća, garderoba, butik, kupovina odeće, isprobavanje odeće

Истото треба да го направите и ако купувате облека во продавници со половна облека - „second-hand“ продавници.

Не е добро да ги позајмувате вашите влечки на други, се верува дека тоа може да донесе проблеми на работа, застој во професионалното напредување.

Ако не ви се допаѓа гостите да ви шетаат по дома по чевли, набавете неколку пара од најтенките влечки, како оние хотелските, кои би можеле да им ги понудите веднаш штом ќе пристигнат.

 

sat

 

Конечно, фенг шуи вели дека не треба никому да позајмувате часовник. Кога ќе го вратите на раката, со себе ќе ја донесете сета лоша енергија што може да ја измачува личноста, особено ако е во некоја лоша фаза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk