logo
logo
logo

Оваа жена го запрела стареењето! Што мислите, колку години има?

Vecer | 28.09.2022

Оваа жена го запрела стареењето! Што мислите, колку години има?

Истакнувајќи дека сега изгледа подобро отколку во нејзините триесетти години, оваа жена тврди дека го прекинала стареењето и дека многумина ја сметаат за помлада. Инаку, таа на TикТок редовно споделува совети за одржување на младоликиот изглед и тврди дека покрај редовното спиење, пиењето многу вода и исклучувањето на брзата храна, треба да се придржуваме и кон некои други правила.

@agelessella Read the comments for 4 ways to look younger! #antiaging #foryoupage #10yearsyounger #facialexercise #womenover40 #ebonywomen ♬ Slow Motion - AMARIA BB

Промена на фризура

Корисничката на ТикТок, ова го наведе како прво правило. Се подразбира, секој знае дека промената на фризурата може да го освежи ликот, но и да даде сосема поинаков, помладолик изглед на жената. Дали се работи за шишање или фарбаење на косата во друга боја не е важно. Важно е да направите забележлива промена која ќе го одвлече вниманието од вашата возраст или вообичаениот стил.

Белење на забите

Здравите заби и убавата насмевка се многу важни и не треба да се нагласува дека го красат лицето, тие говорат за педантноста и грижата на една личност за својот изглед. Ела за поблескава насмевка препорачува домашно белење на забите со помош на сок од лимон.

Уредна шминка

Повеќето жени не обрнуваат внимание на шминката што ја користат, па кај многумина честопати таа е истрошена или со поминат рок. Ако ви е важно што нанесувате на вашата кожа, треба редовно да ја заменувате за да не нанесувате шминка со насобрана нечистотија.

Природен лифтинг на лице

@agelessella More exercises on my profile #doublechin #doublechinreduction #facialexercise #faceyogaexercises #lookyounger #womenover50 #agelessbeauty #foryoupage #ageless #howtolookyounger #naturalbotox #over40 #blackexcellence #50isthenew30 #womenover50 #beautifulblackwomen ♬ الصوت الأصلي - كبرياء انثى 👑❤️

Факт е дека вежбите влијаат на еластичноста и затегнувањето на кожата, вклучувајќи ги и оние за лице. Ела вели дека рутината на вежби за лице која ја започнала уште во своите 30-ти години, ѝ помогнала да ја одржи својата младоликост. Вежбите се за намалување на „двојната брада“ и отстранување на назолабијалните брчки.

Секоја вложување дава резултати, макар тоа да е и подоцна. Во случајот на оваа дама, барем кога станува збор за изгледот, тоа е така.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk