Видео

Оваа мајка му дозволила на 8-годишниот син да биде трансвестит!

Џесика од Канада му дозволила на осумгодишниот син Немис да се облекува како драг-квин, односно трансвестит и да има настапи. Дури и го поддржува во тоа и се гордее со него. 

Немис настапува под името Летиција, а почнал да се облекува како девојче кога имал 7 години. Тоа и не би било проблем облеката што ја носи да не е толку секси и предизвикувачка, па властите сметаат дека мајката го користи за да дојде до пари. 

По нивното гостување во шоуто "This Morning" каде Џесика објаснува дека само сака да му ги исполни желбите на своето дете и да го прифати таков каков што е. 

Водителот бил упорен дека Немис е премногу мал за да учествува на натпреварувања кои ја промовираат сексуалноста, но мајката рекла дека внимателно одбира каде ќе настапува син и. 

Сепак, без оглед на се друштвените мрежи се полни со осуди за оваа мајка и пораки дека детето треба да и се одземе. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари