Добро познатата платформа на TripAdvisor за оценување на угостителски објекти, услуги како што се екскурзии и тури и дестинации, неодамна објави листа на најдобри и најпопуларни дестинации за посета во 2023 година.

Првото место на најдобрите светски дестинации втора година по ред го зазеде Дубаи.

Во топ 10 влегоа и Бали, Лондон, Рим, Париз, Канкун, Крит, Маракеш, Доминиканската Република и Истанбул.

Хрватска е на листата на најдобри европски дестинации за 2023 година. TripAdvisor го смести Дубровник на 20-то место на листата.

„Дубровник се опорави од воените уништувања што ги претрпе во 1990-тите, а посетителите се вратија во овој мирен град. Градот е особено шармантен, град наменет исклучиво за пешаци“, напишаа претходно за Дубровник.

Првите места на листата на најдобри европски дестинации за 2023 година ги зазедоа Лондон, Рим, Париз, Крит, Истанбул, Барселона, Мадрид, Фиренца, Лисабон и Единбург.

TripAdvisor ја направи листата врз основа на минатогодишните критики и оценки од туристите.