logo
logo
logo

Ова се НАЈМИРНИТЕ ГРАДОВИ во светот

Vecer | 31.03.2023

Ова се НАЈМИРНИТЕ ГРАДОВИ во светот

Поради сѐ побрзото темпо на живот, се повеќе луѓе размислуваат да одат на одмор на дестинации каде што не само што нема гужва, туку и воопшто нема луѓе. Најпопуларните дестинации во моментов се оние каде звукот на автомобилите го заменува џагорот на птиците.

Платформата за резервации за патувања Travelbag ја претстави листата на најмирните градови во светот. Станува збор за градови кои се уште не се заразени од масовниот туризам, а природата се уште е дива и недопрена.

Најмирен и прв на листата е градот Џуно на Алјаска. Туристите одат во овој град за повторно да се поврзат со природата, имајќи на ум дека овде сè уште е здраво.

Втор на листата на најмирни градови е Велингтон од Нов Зеланд. Познат е по бујните зелени ридови, исклучително чистиот воздух и неверојатното отсуство на бучава. Велингтон нуди здрав и мирен одмор во градот со патувања во природа.

Од друга страна, има и градови кои се ноќна мора за туристите. Меѓу најлошо рангираните градови се Манила, Лима или Мумбаи. Каиро е секако еден од најлошите, барем кога станува збор за вревата и гужвите.

Листа на топ 10 најмирни градови во светот за туристи

Џуно, Алјаска

Велингтон, Нов Зеланд

Окленд, Нов Зеланд

Перт, Австралија

Мелбурн, Австралија

Сиднеј, Австралија

Атланта, Соединетите Американски Држави

Пукет, Тајланд

Далас, Соединетите Американски Држави

Ванкувер, Канада

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk